Connect with us

ЛШ: Реми за Наполи, Реал Сосиедад во осминафинале (ВИДЕО)

Наполи пропушти шанса да стигне до осминафиналето на ЛШ уште вечерва откако одигра само 1-1 на домашен терен против Унион Берлин. Тоа е историски прв бод за германскиот тим во елитното европско клупско натпреварување.

Политано во 39.минута донесе водство за „наполитанците“, но на почетокот на вториот дел Фофана успеа да го израмни резултатот. Елиф Елмас не доби шанса за настап на овој меч.

Реал Сосиедад е веќе во осмифиналето, откако ја совлада Бенфика со 3-1 и се наоѓа на првото место во групата со 10 бода. Мериуно, Ојарзал и Беренечеа за дваесетина минути постигна три гола и ја нокаутираа Бенфика.

Браис Мендез во 29.минута не реализира пенал, а Бенфика постигна почесен гол преку Рафа Силва во 49.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови