Реал Мадрид во последен момент се спаси од втор пораз во Лигата на шампионите. Беше пред пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, но на крајот стигна до 2-2. Маркус Турам ги постигна двата гола за германскиот тим, во финишот намали Карим Бензема, а Кашемиро во судиското продолжение израмни на 2-2. „Кралевите“ сега имаат еден бод, Борусија Менхенгладбах два, а лидер во групата е Шахтјор со четири бода.
Манчестер Сити со 0-3 славеше на гости против Олимпик Марсеј. Феран Торес, Илкај Гундоган и Рахим Стерлинг беа стрелци на головите за „граѓаните“. Атлетико Мадрид со 3-2 го совлада Салцбург иако австрискиот тим имаше и водство на овој меч. Жоао Феликс со два гола донесе пресврт и победа за шпанскиот состав.
Ливерпул со половина сили играше против Митјиланд и победи со 2-0. Стрелец на 10.000-от гол во клупската историјата беше Диого Жота, а во судиското продолжение Мохамед Салах од пенал го постигна вториот гол за „црвените“.
Аталанта губеше со 0-2, но стигна до реми (2-2) против Ајакс. Порто со 2-0 го совлада Олимпијакос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













