
Реал Мадрид ја оствари и четвртата победа во Лигата на шампионите откако ја победи Брага со 3-0. Лунин во шестата минута му одбрани пенал на Алваро Џало, а потоа Брахим Дијаз, Винисиус Жуниор и Родриго стрелаа за убедлив триумф.
Баерн Минхен исто така е безмилосен во ЛШ и го победи Галатасарај дома со 2-1. Долго немаше голови, а потоа Хари Кејн за пет минути постигна два, во 82. и во 87.минута. Бакамбу во судиското продолжение го постави конелниот резултат.
Арсенал со 2-0 славеше против Севилја. Тросар во 29.минута го отвори резултатот, а Сака го потврди триумфот во 64.минута.
Копенхаген во „луд“ натпревар го победи Манчестер Јунајтед со 4-3. Англискиот тим имаше водство од 0-2 со двата гола на Расмус Хојлунд, но во 42.минута Маркус Рашфорд доби директен црвен картон. До крајот на првиот дел, Копенхаген израмни преку Елјонуси и Гонкалвес.
Бруно Фернандеш во 69.минута донесе нова предност за Манчестер Јунајтед, но Лерагер и Бардаџи се погрижија за пресврт и за триумф на Копенхаген по кој сега е на второто место со четири освоени бода.
ПСВ Ајндховен го победи Ленс со 1-0, со голот на Лук де Јонг, а Интер го совлада Салцбург на гости со 0-1, со голот на Лаутаро Мартинез од пенал во 85.минута. Со овој триумф „нероаѕурите“ обезбедија пласман во осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
