
Францускиот клуб Лил успеа да го победи актуелниот европски првак Реал Мадрид со 1-0 во второто коло од Лигата на шампионите. „Кралевите“ не беа на потребното ниво, а тимот на Лил тоа знаеше да го искористи и оствари историски успех.
Стрелец на победничкиот гол беше Џонатан Дејвид од пенал во 45.минута, откако Едуардо Камавинга играше со рака во шеснаесетникот.
Баерн Минхен исто така загуби на гости кај Астон Вила со 1-0. Џон Дуран во 79. минута ја погоди мрежата на Баерн за голем триумф на Астон Вила.
Бенфика го растури Атлетико Мадрид со 4-0. Актуркоглу и Бах стрелаа од игра, додека Ди Марија и Кокчу погодија од пенал, за убедлив триумф на португалскиот тим.
Ливерпул со 2-0 ја победи Болоња. Мекалистер го отвори резултатот во 11. минута, а Мохамед Салах во вториот дел го потврди триумфот.
Динамо Загреб имаше водство од 2-0 против Монако, со головите на Сучиќ и на Батурина, но Монако на крајот успеа да стигне до 2-2. Израмнувачкиот гол го постигна Денис Закарија од пенал во 90.минута. Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во тимот на Динамо.
Лајпциг загуби дома од Јувентус со 2-3, иако италијанскиот тим играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ди Грегорио. Душан Влаховиќ беше двоен стрелец за „старата дама“, а победничкиот гол го постигна Чико Консеисао. Бењамин Шешко погоди двапати за Лајпциг, а Елиф Елмас остана на клупата за резерви.
Клуб Бриж го победи Штурм на гости со 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
