
Њукасл го растури Пари Сен Жермен со 4-1 во второто коло од Лигата на шампионите. Домаќините поведоа со погодокот на Алмирон во 17. минута, а Брн зголеми на 2-0. Во 50. минута Лонгстаф постигна трет погодок за Њукасл.
Хернандез во 56. минута намали на 3-1, а конечниот резултат го постави Шар во 91. минута.
Манчестер Сити го победи Лајпциг на гости со 1-3 иако долго се мачеше да стигне до триумфот. Сепак, Хулијан Алварез постигна прекрасен погодок, а во финишот Доку ги реши сите дилеми. Фил Фоден донесе почетна предност за Лајпциг, но израмни Опенда.
Борусија Дортмунд и Милан ремизираа без голови на „Сигнал Идуна парк“. Се чини дека домаќините беа поблиску до победа.
Црвена Звезда ремизираше (2-2) во Белград против Јанг Бојс. „Црвено-белите“ поведоа со голот на Ндиаје во 35. минута. На 1-1 израмни Угриниќ во 48. минута, додека целосен пресврт 1-2 донесе Итен од пенал во 61. минута.
Сепак, Црвена Звезда израмни на 2-2 со голот на Букари во 88. минута.
Барселона славеше против Порто со 0-1, но го загуби Роберт Левандовски поради повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
