Connect with us

ЛШ: Николов и Шериф го освојуваат „Џузепе Меаца“, Ливерпул на гости во Мадрид

Шериф Тираспол, молдавскиот клуб за кој настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов, е најпријатното изненадување по првите две кола од Лигата на шампионите. Има максимален ефект, шест бода, откако славеше на домашен терен против Шахтјор Доњецк, а потоа сензационално го совлада и Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Вечерва Николов и Шериф ќе имаат нов обид за сензација. Гостуваат на „Џузепе Меаца“ во Милано и ќе се обидат да го изненадат и Интер, кој лошо ја стартуваше одисејата во елитното европско натпреварување. Има само еден бод по две кола.

Реал Мадрид гостува во Украина во групата Д и ќе се обиде да го надомести тоа што го прокоцка против Шериф во Мадрид.

Манчестер Сити загуби во Париз, но тимот на Пеп Гвардиола вечерва (18.45 часот) е голем фаворит на гостувањето кај Клуб Бриж. Сепак, белгискиот тим покажа дека може да биде непријатен за фаворитите откако ремизираше против ПСЖ дома во првото коло.

Дербито на вечерта се игра на „Ванда Метрополитано“, каде Атлетико Мадрид го пречекува Ливерпул. Менаџерот на англискиот тим Јирген Клоп се обиде со провокација да го „разрдма“ тимот на Диего Симеоне.

„Лично, не ми се допаѓа тим кој игра физички и без фантазија. Но, што да се прави, и со вакви екипи мораме да играме фудбал“, прокоментира Јирген Клоп за актуелниот шпански првак.

Ловерпул има две победи по првите две кола, а Атлетико Мадрид досега освои четири бода. Во вториот меч од групата, во Португалија ќе играат Порто и Милан.

Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ го пречекува Лајпциг. Нејмар е повреден, но се очекува Лионел Меси да ги преземе конците во играта и заедно со Килијан Мбапе да биде голема опасност по голот на германскиот тим.

Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови