
Италијанскиот калчолигаш Аталанта вечерва го пречекува десеткуваниот Реал Мадрид во Бергамо, во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Одличната форма на тимот на Џанпјеро Гасперини и големиот број повредени фудбалери во составот на Зинедин Зидан носат уште поголема резултатска неизвесност пред овој двомеч.
Францускиот сттратег не може да смета на Бензема, Карвахал, Азар, Марсело, Милитао, Рамос, Родриго и на Валверде. Во една таква ситуација, „кралевите“ речиси и без резерви од сениорскиот состав отпатуваа за Бергамо.
„Мораме да се носиме со ситуацијата. Реал Мадрид секогаш има обврска да победува, така е и сега, без разлика на околностите“, изјави Зинедин Зидан.
Џанпјеро Гасперини има многу поголем фонд на фудбалери, нема големи главоболки со повредите, но секако се соочува со најтрофејниот европски клуб.
„Реал Мадрид е секогаш огромен предизвик. Можеби имаат повредени фудбалери, но тие штп ќе настапат секако се врвна класа“, истакнува Гасперини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski