
Монако не дозволи изненадување против Црвена Звезда и славеше со 5-1 во третото коло од Лигата на шампионите. „Кнезовите“ поведоа во 20.минута со голот на Такуми Минамино, а седум минути подоцна Шериф Ендиаје од пенал израмни на 1-1.
Пред крајот на првиот дел, Брил Емболо донесе нова предност за Монако, а во второто полувреме францускиот клуб стигна и до убедлив триумф. Синго во 54.минута постигна фантастичен гол од далечина, Минамино зголеми на 4-1, а серијата голови ја затвори Аклиуче во судиското продолжение.
Милан го победи Клуб Бриж со 3-1. Кристијан Пулишиќ донесе водство за „росонерите“ во 34.минута, а шест минути подоцна Ониедика заработи црвен картон и гостите останаа со десетмина.
Кириани Сабе израмни на 1-1 во 51.минута, но Рејндерс брзо ја врати предноста за Милан со голот во 61. минута. Десет минути подоцна Холанѓанецот постигна и уште еден погодок за конечни 3-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
