Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 3-3, а Арсенал и Баерн Минхен завршија 2-2, во првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Ништо не е решено и сега реваншите се играат во Манчестер и во Минхен.
Бернардо Силва во втората минута го изненади Лунин од слободен удар, но Реал возврати со головите на Камавинга (топката удри во Рубен Дијаш) и на Родриго.
Манчестер Сити во вториот дел со две “бомби” на Фил Фоден и на Јошко Гвардиол направи пресврт, но Федерико Валверде во 79.минута израмни со волеј-удар и го постави конечниот резултат, 3-3.
Арсенал и Баерн Минхен на “Емирати” одиграа 2-2. Букајо Сака во 12.минута донесе водство за Арсенал, а израмни Серж Гнабри само шест минути подоцна.
Хари Кејн во 32.минута од пенал направи пресврт, но Леандро Тросар во 76.минута успеа да израмни.
Ништо не е готово, сега следат реваншите во Манчестер и во Минхенѓ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













