Лионел Меси блесна во полн сјај на „Паркот на принцовите“ и со два гола му донесе триумф (3-2) на Пари Сен Жермен против Лајпциг. Германците имаа 1-2 во второто полувреме, но потоа Килијан Мбапе му асистираше на Меси за израмнување, а потоа и изнуди пенал кој Аргентинецот го реализираше со „паненка“. Во судиското продолжение беше досуден уште еден пенал за ПСЖ, а Килијан Мбапе шутираше над голот.
Интер го совлада Шериф Тираспол со 3-1, а Бобан Николов заигра во второто полувреме од мечот на „Џузепе Меаца“. Тој влезе во 75.минута, кога италијанскиот шампион веќе имаше сигурно водство. Един Џеко донесе водство во 34.минута. Себастиен Тил израмни со одличен погодок во 52.минута, но само шест минути подоцна Артуро Видал ја врати предноста, а Стефан Де Фрај зголеми на 3-1.
Ливерпул го освои „Ванда Метрополитано“ совладувајќи го Атлетико Мадрид со 2-3. Мохамед Салах во осмата минута и Наби Кеита пет минути подоцна го шокираа Јан Облак, но Антоан Гризман со два гола се погрижи за нерешен резултат (2-2) на одморот.
Сепак, Французинот доби црвен картон во 52.минута, а Мохамед Салах од пенал во 76.минута донесе голем триумф за „црвените“.
Реал Мадрид се истури на Шахтјор Доњецк и славеше со 0-5. Кривцов во 37.минута несреќно си постигна автогол, а во вториот дел Жуниор Винисиус со два гола, Родриго и Бензема го декласираа украинскиот тим.
Ајакс со 4-0 ја победи Борусија Дортмунд. Ројс си постигна автогол, Блинд зголеми на 2-0, а во второто полувреме стрелаа и Ентони и Халер.
Порто со 1-0 го совлада Милан, со голот на Луис Дијаз во 65.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













