
Манчестер Сити оствари убедлив триумф (1-5) на гости во Белгија против Клуб Бриж. Белгискиот тим го доживеа првиот пораз во ЛШ оваа сезона и тоа сосема заслужено со оглед дека „граѓаните“ доминираа на овој меч.
Жоао Кансело го отвори резултатот во 30.минута, а Ријад Марез зголеми на 0-2 пред одморот. Во вториот дел, Кајл Вокер во 53.минута го постига третиот гол за англискиот тим, а младиот Кол Палмер запиша првенче во ЛШ.
Ванакен во финишот намали на 1-4, а Марез со својот втор гол ги постави конечните 1-5.
Спортинг Лисабон исто така доминираше на гости против Бешикташ во Истанбул и славеше со 1-4. Себастијан Коатес беше двоен стрелец, а погодија и Пабло Сарабија и Паулињо. Единствениот гол за Бешикташ беше дело на Кајл Ларин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко
