
Европскиот првак Баерн Минхен нокаут фазата во Лигата на шампионите ќе ја почне против Лацио. Ова го одреди денешниот ждреб за осминфиналните двојки во елитното европско натпреварување. Најголемата пресметка во осминафиналето секако е дуелот меѓу Барселона и Пари Сен Жермен.
Атлетико Мадрид за ривал го доби Челси, Лајпциг и Ливерпул ќе имаат „рокенрол“ пресметка, а Порто ќе ги одмери силите со Јувентус. Севилја ќе ја предизвика Борусија Дортмунд, а Аталанта е противникот на Реал Мадрид.
Борусија Менхенгладбах првпат во историјата ќе биде дел од разигрувањето во елитното натпреварување, а во осминафиналето ќе ги одмери силите против Манчестер Сити.
Лигата на шампионите продолжува со нокаут фазата во средината на февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
