Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3-1 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите и има два гола предност пред реваншот на „Енфилд Роуд“. Борусија Дортмунд имаше 1-1 до 90.минута, но Фил Фоден сепак донесе мала позитива (2-1) за „граѓаните“ со која ќе патуваат на возвратниот натпревар на „Сигнал Идуна парк“ во Германија.
„Кралевите“ уште еднаш покажаа дека знаат како да играат големи натпреварои. Тони Крос диригира со играта, а овојпат Жуниор Винисиус двапати беше во улога на реализатор. Тој го отвори резултатот во 27.минута, а девет минути подоцна Марко Асенсио зголеми на 2-0.
Мохамед Салах во 51.минута постигна гол за надеж за Ливерпул, но Жуниор Винисиус во 65.минута го постави конечниот епилог.
На „Итихад“, Манчестер Сити едвај извлече триумф од 2-1 и со минимална предност ќе патува на гости кај Борусија Дортмунд. Кевин де Бруин во 19.минута донесе водство за „граѓаните“, тимот на Пеп Гвардиола не искористи неколку убави шанси, а потоа Марко Ројс во 84.минута израмни на 1-1. Сепак, Фил Фоден, кој претходно не беше реализаторски расположен, успеа да постигне погодок за победа од 2-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski