
Реал Мадрид стигна до вториот триумф во Лигата на шампионите откако славеше против италијанскиот првак Наполи со 2-3. Елиф Елмас играше од 69.минута, а неговиот тим сепак беше поразен. Повторно Џуд Белингам беше клучна фигура за „кралевите“.
Остигард го доведе Наполи во водство, но Винисиус Жуниор и Белингам направија пресврт. Зиелински од пенал израмни на 2-2 на почетокот на второто полувреме, а потоа Мерет си постигна автогол по „бомбата“ на Валверде за триумф на Реал.
Манчестер Јунајтед го доживеа вториот пораз откако загуби дома од Галатасарај со 2-3. Хојлунд беше двоен стрелец, но одбраната на англискиот тим не беше на ниво. Заха и Актуркоглу двапати израмнуваа, а Икарди донесе триумф за Галатасарај иако претходно не реализираше и пенал.
Баерн Минхен со пресврт славеше на гости против Копенхаген со 1-2. Лерагер донесе предност за Данците, но Мусијала израмни, а Матис Тел беше џокерот на баварскиот клуб за триумф.
Интер ја победи Бенфика со 1-0, со голот на Маркус Турам во 62.минута.
Арсенал е поразен на гости во Франција од Ленс со 2-1. Габриел Жесус го отвори резултатот, но Томасон и Вахи донесоа триумф за Ленс.
ПСВ Ајндховен и Севилја ремизираа 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
