Аријан Адеми е многу блиску до остварување на сонот – повторно да настапува со Динамо Загреб во Лигата на шампионите откако хрватскиот првак славеше со 2-0 на првиот меч од последната квалификациска рунда против Розенборг.
Македонскиот репрезентативец вообичаено беше меѓу најдобрите поединци на теренот, пред се во контролата на средината на теренот, не дозволувајќи им на норвешките фудбалери да се вратат во мечот во второто полувреме. Динамо сите дилеми околу победникот ги разреши уште во првото полувреме, најпрвин Петковиќ погоди од пенал што беше направен над истиот фудбалер, за потоа Орсиќ да зголеми на 2-0.
Во преостанатите две средби од квалификациите за ЛШ што беа вечерва на програмата, Олимпијакос го растури тимот на Краснодар со 4-0, додека Јанг Бојс и Црвена Звезда ремизираа 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













