Баерн Минхен конечно одигра квалитетен натпревар, можеби и кога беше најпотребно, и го елиминира Лацио пласирајќи се во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварскиот клуб славеше со убедливи 3-0 на „Алијанц арена“ и ја надомести негативата од еден гол (0-1) што ја имаше по првиот меч на „Олимпико“ во Рим.
Вечерва во Минхен, Лацио немаше сили да му парира на составот на Томас Тухел.
Баерн Минхен од стартот почна офанзивно, а го отвори резултатот во 38.минута, кога Хари Кејн успеа да го совлада Проведел. Пред одморот, Томас Милер зголеми на 2-0, откако со удар со глава ја смести топката во мрежата по шутот на Де Лихт.
Третиот гол повторно беше дело на Хари Кејн во 66.минута. Тогаш веќе беше јасно дека Баерн е патникот меѓу осумте најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal