Connect with us

ЛШ: АЕК го шокираше Динамо, Брага убедлива против ТСЦ

Динамо Загреб доживеа шок, имаше предност, но на крајот со пораз од 1-2 го заврши првиот дуел на „Максимир“ против АЕК Атина, во квалификациите за Лигата на шампионите. Булат донесе водство за Динамо Загреб во 39.минута, но Ѕубер израмни во 59.минута. Јаланопулос во 90.минута се погрижи за целосен пресврт. Реваншот се игра в сабота во Атина. Ова поради немирите што се случија кога натпреварот беше одложен, а еден навивач на АЕК го загуби животот.

Галатасарај и вторпат ја победи Олимпија, овојпат со 1-0 во Истанбул и се пласира во следната рунда. Стрелец на победничкиот гол беше Мауро Икарди.

Молде го победи Клаксвик со 2-0 по продолженија и го елиминира чудото од Фарски Острови, а ФК Копенхаген на пенали ја елиминира Спарта Прага.

Португалскиот претставник Брага повторно беше убедлив против српскиот вицепрвак ТСЦ и славеше со 1-4 на реваншот во Србија. Првиот меч го доби со 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови