Connect with us

Лос Анџелес го објави трансферот на Оливие Жиру

Францускиот напаѓач Оливие Жиру официјално се приклучи на клубот од Американската фудбалска лига (МЛС), ФК Лос Анџелес, по три години минати во Милан.

37-годишниот Французин потпиша до 2025 година со опција за продолжување до 2026 година, соопшти американскиот клуб.


Поранешниот напаѓач на Арсенал и на Челси му помогна на Милан да ја освои титулата во Серија А во неговата прва сезона во клубот, постигнувајќи 11 гола. За Франција има 131 настап и постигна 57 голови. Жиру беше дел од тимот на „петлите“ кој ја прослави титулата на Светското првенство во 2018 година.


„Едвај чекам да ве видам наскоро на стадионот. Се надевам дека ќе се претставите добро кога ќе пристигнам и ќе направам сѐ што можам за да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели“, изјави Жиру.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови