Новиот менаџер на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги, веќе размислува за зимскиот преоден рок на клубот. Шпанецот, кој се согласи да потпише 18-месечен договор со Волвс, ќе се обиде да го освежи составот во јануари и веќе има неколку фудбалери на „нишан“. Двајца од нив се од Реал Мадрид.
Станува збор за напаѓачот Маријано Дијаз и дефанзивецот Начо Фернандез. И на двајцата им истекува договорот на лето и Лопетеги се надева дека ќе ги привлече за релативно скромни суми.
Евентуален трансфер на Маријано Дијаз е сосема можен, бидејќи тој не е дел од плановите на Карло Анчелоти и тренерот е подготвен да се раздели со него. Сепак, не е така со Начо Фернанез.
Иако не е редовен стартер, дефанзивецот има важна улога во клубот и Анчелоти сака да го задржи во својот тим. Тренерот дури ќе се обиде да ги убеди шефовите на „кралскиот клуб“ да му понудат нов договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













