
Шпанскиот прволигаш Севилја очајно ја почна сезоната и се подготвува смена на тренерот Хулен Лопетеги, пишува „Марка“. На негово место треба да дојде Хорхе Сампаоли, кој во минатото беше на клупата на тимот од Андалузија.
Катастрофалниот старт на сезоната и поразот од Атлетико Мадрид беше причина за итниот состанок на управата на клубот за понатамошните чекори. На дневен ред е смената на Хулен Лопетеги од тренерската функција, а потоа и изнаоѓање на ново решение.
Најблиску до работата е Хорхе Сампаоли, кој веќе беше во Севилја во сезоната 2016/17, завршувајќи четврти во Ла Лига. На крајот од сезоната, тој избра да ја прифати поканата на Аргентина и да ја води таа репрезентација на Светското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal