Хрватскиот вицепрвак Локомотива Загреб го претстави Џемал Ибиши како ново засилување. 19-годишниот напаѓач од Вардар направи трансфер Локомотива, клуб кој треба да му биде отскочна даска за подоцна да гради и кариера во Европа.
„Очекувам да бидам на свое ниво, да и помогнам на екипата и на крајот да бидеме шампјони. Одлична работа е што влеговме во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе во европските искушенија. Ги гледав повеќе од половина натпревари на Локомотива во минатата сезона, ми се допаѓа стилот на игра и верувам дека добро ќе се вклопам. Хрватската лига е подобро, поквалитетна, на повисоко ниво од македонската, поблиска е до европскиот фудбал. Тоа е одлична отскочна даска за кариера во Европа, што исто така е мој мотив за дојдам во Локомотива“, изјави Џемал Ибиши за официјалниот сајт на хрватскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













