Connect with us

Локатели се договори за трансфер во Јувентус

Мануел Локатели, еден од најдобрите играчи на Италија на Европското првенство, од следната сезона нема да го носи дресот на Сасуоло. Италија в недела ќе игра во финалето против Англија, а одличниот играч за врска постигна договор со Јувентус.


Ова го потврди претседателот на Сасуоло, иако Арсенал испрати официјална понуда вредна 40 милиони евра.


„Добивме понуда од Арсенал во вредност од 40 милиони евра. Сепак, знаеме дека Јувентус е дестинацијата што ја избра Локатели. Се сретнавме со челниците на Јувентус, и следната недела ќе го сториме тоа повторно“, изјави Џовани Карневали, директорот на Сасуоло.


Локатели минатата сезона одигра 34 натпревари за Сасуоло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови