
Репрезентацијата на Хрватска оствари триумф (1-3) на гости против Австрија и го освои првото место во групата 1 од Лигата А, пласирајќи се во плејофот од ова натпреварување. Лука Модриќ во шестата минута донесе водство, но Баумгартнер израмни само три минути подоцна. Сепак, Ливаја и Ловрен во второто полувреме се погрижија за триумф на „коцкестите“.
Данска ја победи Франција со 2-0, но, сепак, мораше да се задоволи со втората позиција во групата. Долберг и Сков Олсен ги постигнаа головите за домашната селекција.
Холандија го потврди првото место во групата 4 од Лигата А, откако ја победи Белгија со 1-0. Стрелец на единствениот гол за „лалињата“ беше Вирџил ван Дајк во 73.минута.
Полска го совлада Велс на гости со 0-1, со голот на Карил Свидерски во 58.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
