
Германија ја напаѓа Англија во осминафиналето на Европското првенство, а домаќинот не го дава „Вембли“ за селекцијата на Јоаким Лев да го одржи официјалниот тренинг во пресрет на утрешната пресметка. Ова е само дел од „студената војна“ која ја крева возбудата во пресрет на утрешниот голем дуел.
Англичаните ја поминаа групната фаза без никаков проблем, иако не блескаа навистина, а истото може да се каже и за Германија, која во последното коло стигна до резултатот (2-2) во самиот финиш на мечот против Унгарија, со што обезбеди пласман понатаму.
Германците денеска патуваат за Англија и треба да одржат тренинг 24 часа пред натпреварот на стадионот „Вембли“, но Лондон ги одби. На Германците им е забрането да го одржат последниот тренинг пред натпреварот на „Вембли“.
„Билд“ тврди дека е скандалозна одлука Германија да не може да тренира на „Вембли“ пред мечот со Англија, до оглед дека федерацијата добила навистина бизарно објаснување од организаторите на натпреварот. Имено, во образложението се наведува дека се очекува дожд во Лондон и дека германските фудбалери не можат да тренираат со цел тревата да биде во најдобра можна состојба за натпреварот во вторник.
Од друга страна, британските медиуми објавија дека оваа одлука е во сила веќе некое време, што беше потврдено од УЕФА, бидејќи пред натпреварот од осминафиналето, ниту Италија ниту Австрија не тренираа на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
