Connect with us

Ливерпул во јануари го купува Семењо, дали се подготвува за разделба со Мохамед Салах?

Ливерпул презема сериозни чекори за да го ангажира крилниот фудбалер на Борнмут, Антоан Семењо, во претстојниот зимски трансфер-период, а конкретни преговори веќе се водат.

„Црвените“ се целосно запознаени со откупната клаузула на Семењо, која се проценува на околу 70 милиони евра. Тие се решени да го обезбедат 25-годишниот фудбалер и покрај тоа што ќе учествува на Купот на Африканските Нации.

Конкуренцијата за овој универзален крилен напаѓач е голема, а се тврди дека интерес покажуваат и неколку други водечки англиски клубови.

Семењо има договор со Борнмут до 2030 година, а неговата способност да игра на различни позиции во нападот го направи едно од најбараните крила во Англија оваа сезона.

Ливерпул се надева дека ќе ја финализира зделката во јануари, со цел да ги засили своите офанзивни опции за втората половина од сезоната. Дали ова значи дека полека клубот се подготвува за животот без Мохамед Салах…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови