
Ајнтрахт Франкфурт и Ливерпул ќе се сретнат во натпревар од третото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, вечерва од 21 часот на стадионот „Дојче Банк Парк“.
Ливерпул влезе во неочекувана криза со четири последовни порази во сите натпреварувања. „Црвените“ не можат да си дозволат повеќе грешки, бидејќи тоа само ќе го зголеми притисокот во соблекувалната и ќе ги згусне црните облаци над менаџерот Арне Слот. Сепак, гостувањето во Франкфурт нема да биде лесно и сега за Англичаните претстои тешката задача да го најдат патот кон победата за да го сопрат слободниот пад.
Положбата на Ајнтрахт Франкфурт не е многу подобра. Тимот доаѓа по реми 2-2 со Фрајбург во Бундеслигата, што ја прекина серијата од три последователни порази, 0-3 од Баерн Минхен, тежок 1-5 пораз од Атлетико Мадрид во ЛШ и 3-4 од Унион Берлин. Единствената победа на „орлите“ во последните пет натпревари беше 6-4 против Борусија Менхенгладбах.
Во последните пет натпревари, Ливерпул загуби 1-2 од Манчестер Јунајтед, 1-2 од Челси, 0:1 од Галатасарај во ЛШ и 1-2 од Кристал Палас. Последната победа дојде против Саутемптон со 2-1 во Карабао Купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal