Connect with us

Ливерпул тргнува по Софијан Амрабат

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул е заинтересиран за мароканскиот интернационалец Софијан Амрабат од Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми.


Од „Енфилд“ стапиле во контакт со раководството на италијанскиот клуб за информации за условите за евентуален договор, но сѐ уште немаат дадено конкретна понуда за играчот од средниот ред.


Според извештаите, „црвените“ се надеваат дека ќе го финализираат трансферот на Амрабат следната недела.


26-годишниот играч за врска по одличните настапи на Светското првенство во Катар стана интересен за големите европски клубови. Тој беше на прагот на трансфер во Барселона во јануари, но договорот пропадна во последен момент.


Амрабат го следат и Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови