Connect with us

Ливерпул тргнува по Милан Шкриниар како замена за Ван Дајк

Англискиот првак Ливерпул е во потрага по нов елитен дефанзивец кој би требало да пристигне на „Енфилд Роуд“ во јануари. Прв пик на менаџерот Јирген Клоп е стоперот на Интер, Милан Шкриниар.  

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото на мечот против Евертон и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Ова ќе го примора Клоп да посегне по ангажман на нов одбранбен фудбалер.

Словакот би можел да пристигне и на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да се преговара за целосен откуп на неговиот договор. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови