Ливерпул е сериозно заинтересиран за италијанскиот репрезентативец и дефанзивец на Болоња, Рикардо Калафиори. Според медиумите од Островот, Ливерпул веќе започнал преговори со Болоња за да ја утврди цената на фудбалерот.
Италијанците бараат најмалку 25 милиони евра отштета за Калафиори. Оваа сума би можела да се зголеми доколку Калафиори и Италија имаат успешен настап на Европското првенство. За жал, одбранбениот играч имаше неуспешен почеток, постигнувајќи автогол во поразот од 0-1 против Шпанија.
Ливерпул моментално се наоѓа во фаза на трансформација по заминувањето на менаџерот Јирген Клоп. Новиот менаџер, Арне Слот, сега треба да го изгради тимот според своите визии и потреби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













