
Ливерпул ја оствари 18. победа во Премиер – лигата оваа сезона откако го совлада Вулверхемптон на „Енфилд“ со 2-1. „Црвените“ одиграа одлично во првиот дел, кога обезбедија два гола предност, но потоа имаа голем пад во играта. Вулверхемптон намали, но немаше сили и за израмнување.
Луис Дијаз во 15.минута го отвори резултатот, а Мохамед Салах од пенал зголеми на 2-0 во 37. минута од дуелот.
Вулверхемптон ги врати надежите со голот на Матеус Куња во 67.минута, но трите бода сепак му припаднаа на лидерот на табелата.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement