Интер и Ливерпул не одиграа на нивото на големо дерби во Лигата на шампионите. На крајот, сепак, „црвените“ излегоа како победници славејќи со 0-1, со гол од пенал на Доминик Собослаи во 88.минута.
Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, иако имаше неколку интересни ситуации на двете страни.
До паузата најголемата шанса за Интер ја имаше Лаутаро Мартинез, кој шутираше со глава, но Алисон одлично интервенираше. За Интер првото полувреме беше дополнително проблематично поради повредите на Чалханоглу и на Ачерби, кои мораа да бидат заменети од Зиелински и Бисек.
„Црвените“ првпат посериозно се заканија кон крајот на мечот преку Конор Бредли, но Јан Зомер реагираше сигурно.
Сепак, лондонскиот тим дојде до најголемата шанса – пенал по фаулот на Бастони, кој очигледно влечеше противник за дрес во шеснаесетникот. По долга ВАР проверка и увид на главниот судија Цваер, беше досуден удар од белата точка. Доминик Собослаи во 88. минута прецизно реализираше и му донесе победа на Ливерпул.
Барселона повторно прими прва гол, но и покрај тоа успеа да слави со пресврт против Ајнтрахт Франкфурт со 2-1.
Гостите поведоа во 21. минута преку Кнауф, откако претходно ВАР му поништи гол на Левандовски. Но во второто полувреме вистински херој на Барса беше Жул Кунде — бекот кој настапуваше како вистински напаѓач, погодувајќи двапати и носејќи го третиот триумф за клубот во оваа сезона од ЛШ, прв по две кола без победа.
Аталанта, пак, направи голем пресврт против светскиот клупски шампион Челси, победувајќи со идентични 2-1. Лондончани водеа по голот на Жоао Педро, но Скамака и Де Кетеларе во 55. и 83. минута донесоа важни три бода за тимот од Бергамо, кој се наметнува како една од најстабилните екипи во ЛШ.
Тотенхем беше сигурен пред својата публика и ја совлада Славија Прага со убедливи 3-0. „Петлите“ реализираа два пенала преку Кудус и Чави Симонс, а третиот погодок беше автогол на Зима.
Во Белгија, Унион Сен Жил загуби од Марсеј со 2-3 во драматичен меч, во кој домаќините имаа поништено дури два гола со ВАР. Унион поведе преку Калаили, но Марсеј се врати преку Паишао и два гола на Гринвуд за 1-3. Калаили намали, но поништени беа погодоците на Мекалистер и Давид заради офсајд.
Атлетико Мадрид на Чоло Симеоне исто така славеше со 2-3 против ПСВ Ајндховен. За „јорганџиите“ погодија Алварез, Ханцко и Сорлот, додека за холандскиот тим стрелци беа Тил и Пепи.
Монако на домашен терен славеше со минимални 1-0 против Галатасарај, а единствениот гол го постигна Балогун во второто полувреме, откако претходно Закарија промаши пенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













