Connect with us

Ливерпул си бендиса дефанзивец на Рен

Ливерпул е заинтересиран за дефанзивецот на Рен, Артур Тет. 23-годишниот фудбалер го привлече вниманието на „црвените“, кои дури размислуваат да го доведат на „Енфилд“.


Менаџерот Јирген Клоп сака да ја зголеми конкуренцијата во одбраната барајќи сестран играч кој може да работи и во срцето на одбраната и како бек. Тет одговара на овие барања.

Во моментов од „Енфилд“ се уште не започнале преговори за ангажман на овој играч, но не е мала шансата тоа да се случи пред крајот на преодниот рок.

Тет со задоволство би заминал во Ливерпул, надевајќи се дека со ваков трансфер ќе направи важен чекор напред во кариерата и ќе може да продолжи да се развива како фудбалер под водство на германскиот стручњак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови