Connect with us

Ливерпул сака да стави крај на кризата на дуелот со Астон Вила

Ливерпул и Астон Вила на „Енфилд“ ќе го играат еден од најинтересните натпревари од 10. коло во Премиер – лигата. Двата тима се соседи на табелата со по 15 бодови, а „црвените“ се наоѓаат во еден од најтешките периоди во последните години.


Екипата на Арне Слот загуби шест од последните седум натпревари во сите натпреварувања и е во серија од четири последовни порази во Премиер – лигата, од Брентфорд (2-3), Манчестер Јунајтед (1-2) и Челси (1-2), а беше елиминирана и од Карабао купот по убедливиот пораз од 0-3 против Кристал Палас. Единствената светла точка беше убедливата победа со 5-1 над Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.

Астон Вила пристигнува на „Енфилд“ со сосема поинакво расположение. Тимот на Унаи Емери има четири победи во последните пет натпревари и демонстрира импресивна стабилност. Меѓу неговите жртви се Манчестер Сити (1-0), Тотенхем (2-1) и Барнли (2-1), а во Лигата на Европа „виланите“ славеа со 2:0 против Феенорд. Единствениот пораз во овој период беше 1-2 од Го Ахед Иглс.

Ливерпул се наоѓа на седмата позиција, додека Астон Вила е осма, само поради послаба гол-разлика. Двата тима заостануваат зад водечките и ќе бараат победа по секоја цена за да останат во трката за врвот.

Претстојниот дуел ќе спои екипа во криза и состав во подем, а исходот може да се покаже како пресвртница за двата клуба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови