
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, постојано е цел на шпекулации за преселба во Саудиска Арабија. Египќанецот има договор со „црвените“ до 2025 година, а се верува дека би можел да го напушти клубот на лето.
Според неколку извори блиски до клубот од „Енфилд“, се верува дека раководството отворило преговори со Салах за евентуален нов договор. Египќанецот веќе има статус на легенда во Ливерпул, но огромната плата што ја даваат клубовите од Саудиска Арабија секако би можела да го стави Салах во сериозно искушение.
Се очекува дека ќе има развој на темата во наредните недели, а преговори тешко дека ќе бидат лесни и брзи. Напротив – ќе бараат време и трпение од двете страни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
