Ливерпул ја разгледува можноста во својот состав да го доведе играчот за врска на Интер, Хакан Чалханолу, пишува „Калчомеркато“. На „Енфилд“ гледаат кон 28-годишниот Турчин како замена за Алекс Окслејд-Чембрлен, кој заработи посериозна повреда на предсезонските тренинзи и ќе паузира подолг период.
Јирген Клоп е загрижен поради тоа што нема доволно играчи во средниот ред и токму поради тоа би можел да се насочи кон Чалханолу. Турчинот има високо реноме во Италија по одличните настапи прво за Милан, а потоа и за Интер. Тој е и репрезентативец на својата земја со 72 настапи и 16 постигнати гола.
Сепак, привлекувањето на Чалханоглу на „Енфилд“ нема да биде лесна задача. Интер нема желба да се раздели со толку важен играч неколку дена пред почетокот на сезоната. „Црвените“ ќе мора да направат неодолива понуда за да ги предомислат шефовите на Интер. Во моментов цената на играчот на пазарот е околу 35 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













