Connect with us

Ливерпул сака да го доведе Ренато Санчес на „Енфилд“

Ливерпул е заинтересиран за играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Ренато Санчес. Не е тајна дека Јирген Клоп бара опции за засилување на средниот ред на „црвените“, а 25-годишниот Португалец е уште едно име кое му го привлече вниманието.


Санчес беше доведен во ПСЖ минатото лето, но се мачеше со повреди и не успеа да се наметне доволно во тимот на францускиот шампион. Играчот од средниот ред има два гола на 22 натпревари за клубот, но не играше на дури 18 меча поради проблеми со адукторот.

Тој има договор со ПСЖ за уште четири години, но од „Паркот на принцовите“ се подготвени да ги слушнат понуди за него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови