
Ливерпул испратил понуда од 45 милиони евра за дефанзивниот играч за врска на Аталанта, Едерсон. Сѐ уште не е јасно дали „црвените“ добиле позитивен одговор на нивната понуда. Се верува дека тимот од Бергамо го цени 24-годишниот Бразилец на околу 50 милиони, па веројатно нема да биде проблем за двата клуба да се договорат во случај Ливерпул да има сериозен интерес.
Едерсон го привлекува вниманието со своите калитетни настапи во текот на целата сезона. Тој беше и еден од најдобрите играчи во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен.
Бразилецот е многу енергичен при пресинг и одземање на топката, што би направило одлична работа за стилот на новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот. Веќе неколку дена се тврди дека Холанѓанецот нема намера да се потпре на засилувањето од минатото лето Ватару Ендо и сака клубот да донесе нов квалитетен дефанзивен играч за врска.
Ливерпул е заинтересиран и за уште една ѕвезда на Аталанта. Станува збор за сонародникот на Слот, Тун Копмајнерс, кој исто така е трансферна цел на Јувентус. Двајцата работеа заедно во АЗ Алкмар, па одлично си ги познаваат квалитетите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
