Лидерот Ливерпул дојде на гости на „Емирати“ кај Арсенал и го доживеа вториот пораз (3-1) во досегашниот тек од шампионатот во Премиер-лигата. Сега „топчиите“ имаат само два бода негатива во однос на Ливерпул, а овој пораз на тимот на Јирген Клоп го израдува и Манчестер Сити, кој заостанува пет бода, но и има одиграно два натпревари помалку.
Букајо Сака во 14.минута донесе водство, а Ливерпул израмни во последните мигови од првиот дел со автоголот на Габриел.
Во второто полувреме, се случи една неверојатна грешка на Ван Дајк и на Алисон, а тоа го искористи Габриел Мартинели и погоди во 67.минута.
Третиот гол го постигна Леандро Тросар во 92.минута, откако претходно Ибрахима Конате доби црвен картон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













