
Ливерпул е заинтересиран за Омар Мармуш, напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт кој оваа сезона е во одлична форма. Египќанецот на 13 натпревари постигна 11 гола и асистираше за уште седум, поради што е јасно зошто Англичаните го посакуваат како ново зсилување.
Од друга страна, јасно е и зошто Ајнтрахт бара за него отштета од околу 60 милиони евра, како што тврди новинарот на „Скај“, Флоријан Плетенберг.
Ливерпул веќе контактирал со претставниците на Мармуш, а клубот од Франкфурт е свесен за тоа. Ако се договорат финансиските услови, Мармуш веднаш би потпишал бидејќи неговата голема желба е да игра во Премиер – лигата.
Мармуш во Ајнтрахт Франкфурт одигра вкупно 54 натпревари, на кои постигна 28 гола и оствари 13 асистенции. Брилијантен е оваа сезона, во која Ајнтрахт моментно се наоѓа на шестото место во Бундес-лигата и игра во Лига Европа.
Има 34 настапи и шест гола за египетската репрезентација, во која игра заедно со Мохамед Салах, најголемата ѕвезда на Ливерпул. Договорот на Мармуш важи до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
