
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е во преговори со играчот од средниот ред на Саутемптон, Ромео Лавија. Информациите кои пристигнаа од „Енфилд“ во претходниот период говореа дека Лавија и понатаму е скапа опција за Ливерпул откако ги ангажираа Алексис Мекалистер и Доминик Шобошлаи и потрошија околу 130 милиони евра за реновирање на средниот ред.
Истовремено тука се и Куртис Џонс кој игра сѐ подобро и имаше одлично Европско младинско првенство, потоа Џордан Хендерсон, Фабињо, Тијаго Алкантара, Харви Елиот и Стефан Бајчетиќ.
Цената за Лавија која ја постави Саутемптон е 50 милиони евра, Клоп го посакува бидејќи играчот од средниот ред се покажа како многу ефикасен во стилот на игра што го преферира Германецот.
Доколку одлучи да ја плати бараната сума, Ливерпул летово би потрошил 180 милиони евра и практично би го завршил преодниот рок и покрај тоа што одбраната не беше на ниво целата мината сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
