Connect with us

Ливерпул и Тотенхем сигурни во ФА купот, Лидс елиминиран (ВИДЕО)

Во денешниот распоред од третото коло од ФА Купот на Англија, победи меѓу другите остварија Ливерпул, Тотенхем, Вулверхемптон и Вест Хем.


Ливерпул стигна до пресврт против третолигашот Шревсбери на „Енфилд“ и на крајот победи со 3-1.

Гостите поведоа преку Даниел Џуд во 27. минута и го шокираа тимот на Клоп. Одговорот на Ливерпул набрзо стигна преку Гордон во 34. минута, а десет минути подоцна Фабињо го сврте резултатот од белата точка.

Последниот гол на натпреварот го постигна Фирмино за 3-1 во 78. минута. Ова не беше се, Фабињо го постигна последниот удар во продолжението и постигна гол за 4-1.

Тотенхем славеше против исто така клуб од Лига 1, Морекамб со резултат 3-1.

Тимот на Конте губеше од 33. минута, па се до 74. кога почна пресвртот. Хари Винкс погоди за 1-1, Моура десет минути подоцна го доведе Тотенхем во водство, а на 3-1 зголеми Кејн во 88. минута.


Вулверхемптон беше убедлив против Шефилд со резултат 3-0.

Стрелци беа Поденс во 14. минута, Семедо во 72.минута и уште еднаш Поденс за конечни 3-0.

Вест Хем беше подобар од Лидс со резултат 2-0.

Прв стрелец на натпреварот беше Лансини во 34. минута, а Бовен во третата минута од продолжението погоди за 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови