Ливерпул оствари многу важна победа над Барнли на гости (0-3) и се искачи на четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите. Сега тимот на Јирген Клоп има 66 бода, исто колку и петтопласираниот Лестер, пред последното коло во Премиер – лигата.
Роберто Фирмино во 43.минута го проби бедемот на Барнли, а Натаниел Филипс во 52.минута зголеми на 0-2. Триумфот го потврди Алекс Окслејд – Чемберлен во 88.минута од дуелот.
Во последното коло, Ливерпул на домашен терен го пречекува Кристал Палас, додека Лестер ќе биде домаќин на Тотенхем.
Вест Хем како гостин го совлада Вест Бромвич Албион со 1-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













