Connect with us

Ливерпул го „лови“ Рафиња

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да го доведе Рафиња од Лидс Јунајтед како замена за Садио Мане, тврдат британските медиуми. Сенегалецот најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен, а Ливерпул ја бара неговата замена.


Лидс Јунајтед бара меѓу отштета од 60 милиони фунти за Рафиња, за кого исто така е заинтересирана и Барселона.


За интересот на „црвените“ кон крилниот напаѓач на Лидс Јунајтед се зборува уште од зимата, а по веста за заминувањето на Мане, желбата на Клоп да го привлече Бразилецот е уште поголема.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови