Англискиот премиерлигаш Ливерпул се подготвува за живот без Јирген Клоп, но уште отсега се планираат неколку засилувања за следната сезона. Една од приоритетните цели е играчот од средниот ред на Порто, Алан Варела.
Според информациите на португалскиот „О Жого“, скаутите на Ливерпул веќе некое време го следат одличниот 22-годишен играч за врска, чиј стил на игра наликува на Хавиер Маскерано.
Варела минатото лето пристигна во Порто од Бока Јуниорс за само осум милиони евра, па ова е уште една врвна работа за „змејовите“. Неговата откупна клаузула е дури 70 милиони евра, но Ливерпул ќе се обиде да преговара за помало обештетување.
Конкуренцијата во средниот ред на Ливерпул е голема, бидејќи летово пристигнаа Ватару Ендо, Алексис Мекалистер, Доминик Шобошлаи и Рајан Гравенберх, но Тијаго Алкантара заминува на лето, а ротацијата е многу потребна.
Варела е исклучително агресивен играч, добро се позиционира на теренот и внесува рамнотежа во играта, па не е чудно што се наоѓа во нотесите на голем број скаути на најголемите европски клубови.
Се очекува наскоро да дебитира за аргентинската репрезентација, досега има само настапи за младинската селекција на светските шампиони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal