
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран да го доведе Мејсон Гринвуд од Олимпик Марсеј во летниот преоден рок.
Овој 23-годишен напаѓач, кој минатото лето прејде од Манчестер Јунајтед во Марсеј за 26,6 милиони фунти, оваа сезона постигна 14 голови на 22 натпревари во лигата, што привлече внимание од неколку европски клубови.
Покрај Ливерпул, интерес покажале и Барселона, Баерн Минхен и Јувентус.
Марсеј наводно поставил цена од 80 милиони евра за Гринвуд, а Ливерпул е подготвен да ја плати оваа сума за да го донесе на „Енфилд“.
Гринвуд претходно мина една сезона на позајмица во Хетафе, пред да потпише петгодишен договор со Марсеј.
Неговото заминување од Манчестер Јунајтед уследи по суспензијата во јануари 2022 година поради обвиненија за сексуален напад, кои подоцна беа отфрлени.
И покрај контроверзиите, неговите импресивни настапи во Франција доведоа до повторен интерес од големите клубови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
