
Англискиот премиерлигаш Ливерпул вредно работи на трансфер маркетот и го договори второто засилување.
Откако вчера и официјално го објавија потписот со светскиот шампион Алексис Мекалистер, челниците на Ливерпул се блиску до реализација на второто засилување во средниот ред. „Црвените“ постигнале вербален договор со Кефрен Турам околу личните услови на играчот од средниот ред на Ница, со што тој би се преселил на „Енфилд“.
Францускиот интернационалец од јануари беше на радарот на Јирген Клоп, но во последните недели преговорите напредуваа и двете страни практично постигнаа договор. Сега останува Ливерпул да се договори со Ница за трансферната цена на Турам.
Францускиот клуб сака околу 55 милиони фунти, но би прифатил нешто помала понуда се додека целата сума биде платена во еден потег, а не на рати.
Ману Коне од Борусија (Мунхенгладбах) беше другиот играч од средниот ред со кој Ливерпул разговараше, но информациите се дека таму разговорите се во многу порана фаза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
