Connect with us

Линделоф го напушта Манчестер Јунајтед и се сели во Серија А

Интер и Рома се сериозно заинтересирани за ангажман на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф. Како што откриваат италијанските медиуми, неговата цена е околу 24 милиони евра, а подготвени се да ја платат и двата клуба следното лето.


Со доаѓањето на Рафаел Варан, позицијата на Виктор Линделоф во тимот стана загрозена. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да го продадат, а прв за неговите услуги се заинтересира Жозе Мурињо.

Во меѓувреме се појави и Интер, кој следното лето ќе го жртвува Де Фрај, а Линделоф го гледа како идеална замена во стоперската линија на „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови