
Лидс Јунајтед доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ откако загуби од Манчестер Јунајтед со убедливи 6-2. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стартер за Лидс и го одигра целиот меч, но нема да памети многу добри моменти.
По само три минути „црвените ѓаволи“ водеа со 2-0, а стрелец на двата гола беше Скот Мектоминај. Бруно Фернандеш во 20.минута зголеми на 3-0, а четвртиот гол за Манчестер Јунајтед беше дело на Виктор Линделоф.
До крајот на првиот дел Лидс Јунајтед сепак постигна гол преку Лајам Купер.
Во вториот дел продолжи голеадата. Даниел Џејмс зголеми на 5-1, а Бруно Фернандеш од пенал постигна шести гол за тимот на Оле Гунар Солскјер. Послиот погодок на мечот, втор за Лидс Јунајтед, го постигна Стјуарт Далас во 73.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
