
Лидс официјално објави дека се разделува со менаџерот Сем Алардајс. Клубот од Јоркшир и Биг Сем се согласија спогодбено да ја прекинат соработката.
Сем Алардајс го презеде на 3 мај и го водеше Лидс на последните четири натпревари од сезоната, но не беше во можност да го спаси клубот од испаѓање во Чемпионшип.
„Ми беше чест да раководам со Лидс Јунајтед – голем клуб со неверојатна база на навивачи кои заслужуваат да бидат во Премиер – лигата. Навистина уживав во работата со персоналот и играчите во клубот и би сакал да ви се заблагодарам за можноста.
Во оваа фаза од мојата кариера, не сум сигурен дека преземањето на овој предизвик, кој е потенцијално долгорочен проект, е нешто на што би можел да се посветам, но му посакувам на клубот сѐ најдобро во иднина и се надевам дека ќе се врати во Премиер – лигата каде што припаѓа“, изјави Алардајс.
Лидс му се заблагодари и на Сем Алардајс и прецизираше дека во наредните недели ќе биде објавено соопштение за новиот менаџер на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
