Connect with us

Лидс поразен од Вулверхемптон, десетина минути за Алиоски (ВИДЕО)

Лидс Јунајтед го доживеа третиот пораз во последните четири натпревари во Премиер – лигата откако загуби на гостувањето кај Вулверхемптон со минимални 1-0. Во 64.минута, голманот на Лидс, Илан Мелие слабо реагираше и си постигна автогол. 

Езгјан Алиоски доби шанса кон крајот на натпреварот, во последните десетина минути, кога влезе во игра на местото на Матеуш Клих. Рафиња во судиското продолжение имаше шанса да израмни, но Руи Патрицио го спаси голот.   

По овој пораз Лидс Јунајтед падна на 12. позиција на табелата со 32 бода. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови